Тимот на Металург Автокоманда со победа ја заврши дебитанската сезона во Женската лига, откако на гостувањето во Куманово кај истоимената екипа триумфираше со 37:23 (17:12).
Металург Автокоманда со обезбедениот пласман во ТОП 3 си заработи билет за настап на европска сцена, односно во Европскиот Куп, па така дебитанската сезона за составот на Јулијана Дамчевска е повеќе од успешна.
Ракометарките на Металург Автокоманда до посакуваните три бодови дојдоа со одличната игра во вториот дел, во кој одиграа на одлично ниво и дадоа дури 20 голови во мрежата на домашниот состав.
Куманово парираше колку што можеше во првото полувреме, во неколку наврати имаше контрола на резултатот, водеше со еден до два гола разлика, но во вторите 30 минути пресуди поголемата ротација на тимот од Автокоманда.
Незадржлива на теренот беше средниот бек Теодора Гулицоска, постигна 11 погодоци и беше најзаслужна за триумфот на гостинската екипа.
Во редовите на Куманово најефикасна беше Јана Ѓошевска со шест погодоци, а ја следеа Сузана Зечевиќ со пет и Сара Цветановска со четири погодоци.