Металург Автокоманда е шампион во младинската лига!

Младинките на Металург Автокоманда ја освоија титулата во женската младинска лига на три кола до крајот.

Избраничките на Јулијана Дамчевска имаат недостижна предност пред најголемиот конкурент Вардар, па веќе може да се радуваат на трофејот.

Оваа сезона го совладаа големиот ривал дури три пати, а последниот во Автокоманда со убедливи 37-29.

На табелата сега Металург Автокоманда има 20 бодови, додека Вардар е втор со 14 бодови, а двете екипи треба да одиграат уште по две средби до крајот на првенството.