Мец патува на Ф4 без ниту еден пораз – вторпат славеше над Брест

По данскиот Оденсе и унгарскиот Ѓер, тимот на Мец е третиот учесник на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Во францускиот чевртфинален двобој, по триумфот над Брест Бретањ на гости со 29-26, Мец се помачи повеќе на домашен терен, но и покрај тоа славеше со 33-32.

Мец четврти пат ќе биде дел од собирот на најдобрите четири екипи, но ниту еднаш нема обезбедено место во финалето.

Ане Мете Хансен и Лора Флип беа најдобри кај Мец со седум, односно шест гола, додека кај Брест се истакна Онасија Ондоно со осум погодоци без промашување.

Мец групната фаза ја заврши со 13 победи и едно реми, плус две победи во четвртфиналето, тоа значи дека на 16 меча нема пораз и со таков биланс оди на Ф4.