Марин Шего ја заврши кариерата!

Ова сезона многу големи имиња ја завршуваат ракометната кариера, а меѓу нив ќе биде и хрватскиот голман Марин Шего.

Некогашниот хрватски репрезентативец, реши да каже крај на 39 години, го одигра последниот натпревар за Гепинген. Тоа беше бундеслигашка средба против Гумерсбах.

Од родното Меѓугорје, преку Извиѓач Љубушки, Мостар, Чаковец, Загреб, па полските Висла Плоцк и Келце.

Со тимот на Келце го освои трофејот во Лигата на шампионите во незаборавното финале против унгарскиот Веспрем во 2016 година.

Потоа бранеше за ПИК Сегед, Монпелје и последно Гепиген, каде што реши да ја заврши кариерата. Беше долгогодишен репрезентативец на Хрватска, со која освои сребро на ЕП 2020 година.