Една од ракометарките што остави одличен впечаток на Европското првенство на трите меча кои ги одигра Македонија, беше младата Марија Јанкуловска.
Левиот бек, кој може да игра и на средната бековска позиција, го има вториот најсилен шут на континенталниот собир.
Таа упати удар со брзина од 106.7 км, што е доволно за второто место зад Португалката Унжанк.
Јанкуловска покажа дека има голем потенцијал и се очекува да биде една од главните ракометарки во иднина во македонската репрезентација.