„Македонските“ екипи во Португалија ја минаа првата фаза од Купот

Тимовите на Порто и Бенфика, каде што настапуваат македонските репрезентативци Никола Митревски и Филип Талески, обезбедија место во осминафиналето на Купот на Португалија.

Порто настапи без Митревски кој се опоравува од повреда, и потешко од очекувањата победи на гостувањето кај Боа Ора со 31-29, откако имаше реми на полувреме, 17-17.

Бенфика на Талески не виде мака на гостувањето кај прволигашот Амадора и славеше со 39-21, а македонскиот лев бек запиша два гола.

Ривалите во осминафиналето на Купот на Португалија, Бенфика и Порто, ќе ги дознаат следната недела.