„Македонскиот“ Коњалти со 18 победи на 18 меча

Тимот на Коњалти Анталија, каде што играат двете македонски репрезентативки Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска, забележа нова победа во турскиот шампионат.

Пред налетите на Коњалти падна составот на Бурса, кој си замина од Анталија со пораз од 32-29.

Ѓорѓиевска беше меѓу најдобрите поединци и постигна четири погодоци на овој дуел, додека Гакидова имаше исклучување од две минути.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше екс вардарката Алена Ихнева со девет голови.

Коњалти сега има 18 победи на 18 натпревари, а следните два меча, меѓу кои и дербито со Кастамону ќе ги одигра по ЕХФ неделата.