Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете интернационалки од Македонија, Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска, ја освои бронзата во турскиот шампионат.
Коњалти, кој во претходната сезона стигна до второ место, но и до трофеј во Европскиот Куп, за ривал во борбата за третото место го имаше ланскиот шампион Кастамону.
Тимот на Гакидова и Ѓорѓиевска победи и на двата натпревари, на првиот триумфираше со 40:38, додека на вториот дојде до поубедлив триумф од 43:39.
За шампионската титула во Турција се борат тимовите на Јаликавак и Јенимахал, во кој настапува екс ракометарката на Кометал ЃП, Јелиз Озел.