Македонски спортски пар на Сардинија – романтика, море и „ДА“

Македонската ракометна репрезентативка Јована Кипријановска официјално влегува во ново животно поглавје – таа го прифати предлогот за брак на својот партнер, кошаркарот Андреја Атанасов, на романтичната дестинација – Сардинија.

Нивната љубовна приказна доби магичен момент токму на живописниот медитерански остров, со поглед на тиркизните води кај Каљари. Кипријановска не се двоумеше – нејзиниот одговор беше емотивно и јасно: „ДА“.

Романтичниот миг беше овековечен со фотографија која парот ја сподели на социјалните мрежи, предизвикувајќи бран честитки од пријатели, соиграчи и блиски.

Кипријановска, која изминатите три сезони ги мина во Франција, од следната сезона ќе се пресели во Унгарија, каде ќе настапува за тимот од Сомбатељ. Атанасов, пак, во штотуку завршената сезона беше дел од кошаркарскиот второлигаш Охрид.