Македонската експедиција се „чекира“ во Хрватска

Македонската експедиција со утринскиот лет за Загреб околу 06:00 часот заминаа за Хрватска, каде ќе играат на Мундијалот.

Вечерва ќе имаат вистински тест, бидејќи ќе се сретнат со домаќинот Хрватска во пријателски натпревар во Вараждин.

Селекторот Кирил Лазаров на пат поведе 19 ракометари, кои ќе ги играат трите пријателски натпревари, па ќе се искристализира составот што ќе игра против Холандија, Унгарија и Гвинеја.

Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска се игра вечерва од 20:15 часот, на 10 јануари е тестот со Сесвете, додека на 12 јануари се игра мечот со Зеленортските Острови.