Машката сениорска репрезентација на Македонија во Стара Пазова го одработува првиот дел од подготовките за настапот на Светското првенство во јануари.
Избраниците на Кире Лазаров вечерва го одиграа вториот пријателски натпревар, а ривал беше српскиот суперлигаш Динамо Панчево.
Македонија во натпреварот, во кој се играше 90 минути, победи со пет гола разлика, 51:46 (35-30, 16-15).
Претходно „црвено-жолто“ на првата контролка во Стара Пазова славеа над Нови Београд со 85:44.
Нашата репрезентација за ривали во групната фаза на Мундијалот ги има Унгарија, Холандија и аутсајдерот Гвинеја.