Според рејтингот на Македонија во трите европски натпреварувања, од нашата Супер лига, ќе има најмалку четири екипи учесници во Лигата на Европа и Европскиот Куп, а има можност да бидат и пет бидејќи Тиквеш ќе се пријави за место во Европа.
Според пласманот на табелата, Вардар и Еурофарм Пелистер, ќе бидат дел од Лигата на Европа, иако постои можноста идниот првак да се пријави и за вајлд-карта во Лигата на шампионите.
„Сино-белите“ од Автокоманда и Охрид ќе бидат дел до ЕХФ Европскиот Куп, а Тиквеш преку РФМ ќе побара вајлд-карта за учество во ова натпреварување.
Кавадарчани минатата сезона дебитираа во Европа, имаа одличен прв натпревар против австрискиот Кремс, но реваншот на гостински терен не беше според очекувањата и го завршија настапот во второто коло.
Во Европскиот Куп не се пријавуваат секогаш сите екипи што имаат таква можност според рејтингот, па има празни места и не би било никаков проблем Тиквеш да ја добие вајлд-картата за настап.