Македонија со 18 ракометари на двомеч со Хрватска – повик за интернационалецот Атанасов

Селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, одбра 18 ракометари пред пријателскиот двомеч со Хрватска.

Отсутни се Иван Галевски и Валентин Карасманакис, кои се најдоа на списокот кај сениорите за пријателските натпревари со Романија.

Поради повреда нема да настапи ниту десното крило Александар Петковски, а нема да играат ниту капитенот Андреј Стојановски, Дамјан Митев и Самоил Ристевски.

За првпат е повикан интернационалецот од словенечкиот Копер, Стефан Атанасов, a повикани се и двајца членови на Младост Богданци, голманот Благој Панов и пивотот Илија Чрчев.

Овие два меча се дел од подготовките за настапот на Европското првенство во Словенија, каде Македонија ќе игра токму против Хрватска, Црна Гора и Австрија.