Женската младинска репрезентација на Македонија од среда ги започнува подготовките за настапот на Мундијалот во Скопје од 19 јуни.
Избраничките на Дарко Јанев ќе бидат на подготовки во Маврово, пред да се вратат во Скопје и да настапат на пријателскиот турнир со Романија и Исланд.
Нашите ракометарки настапот го стартуваат на 19 јуни од 20:15 часот против селекцијата на САД, следниот дуел е на 21 јуни од 18:00 часот против Исланд, додека групната фаза ќе заврши на 22 јуни од 20:15 часот против Ангола.
Сите натпревари од прелиминарната рунда, нашата репрезентација ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“.