Машката репрезентација на Македонија со убедливата победа над Гвинеја од 29:20 го потврди пласманот во главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска. Македонија во главната фаза, во која ќе игра против Австрија, Катар и Франција, ќе пренесе еден бод.
По двата нереализирани напади на Македонија, ривалот погоди за 1:0, а нашата репрезентација првиот гол го постигна преку Кузмановски за 1:1. Избраниците на Лазаров не беа целосно фокусирани, направија неколку технички грешки и промашувања. По пет минути игра имаше две двојки на семафорот, а во 10-та минута немаше промена, беше 3:3.
По нерешените 4:4, Македонија поведе со 5:4 и имаше неколку шанси за плус два, но африканската селекција го имаше расположениот голман Пиер, кој не дозволуваше лесно да биде совладан. Македонија во 22-та минута за првпат дојде до плус два, 9:7, откако ривалот влезе во серија грешки.
Во тој период до израз дојде квалитетот меѓу двете репрезентации, избраниците на Лазаров започнаа постепено да се одлепуваат, се разбрани Кизиќ, а во 26-та минута првиот гол во дресот на Македонија на едно оглемо натпреварување го постигна младиот Валентин Карасманакис, кој зголеми на 13:8, а по 30 минути игра резултатот беше 14:10.
На стартот на вториот дел „црвено-жолто“ бргу дојдоа до 16:10 и веќе тука беше решен натпреварот, бидејќи до крајот Гвинеја немаше сила да ја повтори играта од првите дваесетина минути. Избраниците на Лазаров рутински го одработија остатокот од натпреварот и успеаја осетно да ја зголемат предноста за конечни
Предводник кај Македонија повторно беше Филип Кузмановски со 12 погодоци, а голманот Марко Кизиќ беше солиден меѓу стативите.