Извршниот комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) имаше многу работа во претстојниот период, а еден од предизвиците беше да се одберат домаќините за Европското кадетско и Европското младинско првенство во машка конкуренција за 2026 година.
Македонија беше една од земјите кои конкурираше да биде организатор на двете натпреварувања, но не доби ниту едно младинско ЕП, иако во претходните години се покажа како добар домаќин во младинските натпреварувања во женска конкуренција.
ЕХФ одлучи Европското кадетско првенство 2026 да биде одржано во Србија, која во периодот од 29 јули, па до 9 август ќе биде домаќин на најдобрите европски кадетски репрезентации.
Романија ја доби организацијата за Европското младинско првенство 2026. Ова младинско првенство ќе биде одржано во периодот од 8 до 19 јули.