Женската репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите на претстојното Европско првенство.
Избраничките на Кристијан Грчевски ќе играат во групата А во градот Дебрецин против селекциите на Унгарија, Шведска и Турција.
Ова е прво Европско првенство во женска конкуренција со 24 селекции, а место во главната рунда ќе обезбедат прво и второпласираната репрезентација од секоја група.
Европското првенство ќе се игра во Австрија, Швајцарија и Унгарија во четири града од 28 ноември до 15 декември.
група А (Дебрецин): Унгарија, Шведска, Турција, Македонија
група Б (Дебрецин): Црна Гора, Романија, Чешка, Србија
група Ц (Базел): Франција, Шпанија, Португалија, Полска
група Д (Базел): Швајцарија, Данска, Фарски Острови, Хрватска
група Е (Инсбрук): Австрија, Норвешка, Словачка, Словенија
група Ф (Инсбрук): Германија, Холандија, Украина, Исланд