Mакедонија ја оствари првата цел и се пласираше во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Тоа го направи со една победа, едно реми и еден пораз, а тоа значи дека ракометарите и стручниот штаб веќе „заработија“ два милиони денари.
Половина од оваа премија е од Ракометната федерација на Македонија, додека другата половина од Министерството за Спорт.
Македонија во главната рунда на СП ќе игра против селекциите на Австрија, Катар и Франција.