По трите порази од Франција, Германија и Полска, македонските кадети ја завршија групната фаза од Европското првенство на последното место.
Тоа значи разигрување за пласман од 17 до 24 и борба за опстанок на ЕП, односно да не се испадне во Б дивизија (ЕХФ шампионат) во 2026 година.
Селекциите што ќе завршат на 22, 23 и 24, а евентуално и 21 место ако домаќинот на следното младинско ЕП 2026 е меѓу последните три на ова ЕП, ќе испаднат од најсилната конкуренција и ќе играат на ЕХФ шампионат.
Македонија е дел од групата Л и ќе игра против Украина на 12 август, против Грција на 13 и против Италија на 15 август.
Најдобрите две од групата Л ќе вкрстат со најдобрите две од групата К, каде што се Полска, Црна Гора, Израел и Романија во битката за 17 до 21 место.