Европскиот првак Магдебург не се откажува од ангажманот на германскиот репрезентативен голман Андреас Вулф.
По суспензијата на Никола Портнер и неизвесноста околу неговиот камбек на терените, Магдебург уште повеќе „загриза“ за Вулф.
Германскиот голман има договор со Келце до 2028 година, но според „Билд“ Магдебург нуди оштета од 1.200.000 евра.
Дали Келце, кој ги има младиот Милош Валах, како и хрватскиот голман Сандро Мештриќ, ќе реши да се откаже од еден од своите најголеми адути, останува да видиме.