Добрите игри на Марко Митев последната сезона не остануваат незабележани од големите европски клубови, а тие се подготвени да издвојат и големи пари само да го добијат македонскиот бек. Малиот и млад бек со својата пробивност, снаодливост и итрина е веќе познат и докажат на теренот. На мечот против Катар, Митер беше прогласен за МВП што само го потврди неговиот квалитет.
Актуелниот германскиот првак Магдебург, кој беше и европски првак во 2023 има проблеми со повреди на своите средни бекови Феликс Кларк и Мануел Зендер, и бара решение. Тие сакаат да го добијат Митев и за него се подготвени да издвојат обештетување од 300.000 евра.
На листата на можни засилувања за Магдебург е исто така и Јапонецот Јасухира кој играше во Вардар, а потоа е пресели во Кувајт.
Тимот од Автокоманда има договорот со Митев до 2025 година, но доколку сега го ослободат Митев, добро би профитирале. Останува на клубот да реши дали ќе го пушти сега и ќе заработи, или пак ќе биде слободен играч. Или можеби ќе им одговори на заинтересираните клубови дека тие имаат продолжен договор со репрезентативецот најмалку до 2027 година.
За Митев сериозно беше заинтересиран и Мелсуген, бидејќи лани тренерот Роберто Парондо дојде специјално во Скопје за да ги види условите под кои Митев би се преселил во Германија. Покрај Мелсунген сериозно за Митев е заинтересиран и Келце од Полска.