Маџовска без грешка против екс клубот, Цвикау со нов триумф

Македонската репрезентативка Симона Маџовска одигра уште една одлична партија во дресот на Цвикау во Бундес лигата.

Во натпреварот меѓу актуелниот тим на Маџовска, Цвикау и нејзиниот поранешен, Некарсулмер, славеше Цвикау со 32-25.

Македонката беше меѓу најдобрите стрелци во победничкиот тим и реализираше четири пати од четири обиди.

Цвикау сега има 10 бода и избега од опасната зона, а во следното коло ќе му гостува на актуелниот првак Битигхајм.