Ракометарите на Вардар утре ги очекува нов натпревар од Лигата на шампионите и гостување кај францускиот Нант.
За „црвено-црните“ продолжува битката за третото место во групата што носи прв шешир во ждрепката за елиминациите на Лигата на Европа.
Левото крило Ноам Леополд, кој практично сам го победи Вардар во Скопје и даде 13 голови, вели дека победата не е загарантирана – ќе мора на терен да се изборат за неа.
„Знаеме дека пред нас е голем натпревар во Лигата на шампионите, токму таков каков што сакаме да играме, против силниот Вардар, тим кој никогаш не се предава. На нас е да го дадеме максимумот, со поддршка од нашите навивачи, за да ги освоиме двата бода. Не сакаме да зависиме од резултатите на другите екипи, туку сами да го трасираме патот и да го обезбедиме местото во следната фаза. Ништо не е загарантирано, па затоа ќе мора да излеземе на теренот и да се бориме за тоа“, вели Леополд.
Натпреварот меѓу Нант и Вардар се игра утре во „ХХЛ Арена“ со почеток од 20:45 часот.






















