Билети во продажба за последниот меч на Вардар во ЛШ – во Скопје доаѓа Мелсунген

Ракометарите на Вардар ќе го пречекаат германскиот Мелсунген на 28 октомври во последниот натпревар оваа сезона за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион ги пушти во продажба билетите за оваа средба со тимот предводен од Роберто Гарсија Парондо, кој одново гостува во Скопје како противнички стратег.

Билетите се по цена од 400, 500 и 600 денари во зависност од местото на седење во СЦ „Јане Сандански“

Тие може да се купат онлајн ТУКА, додека може да се набават и во фан-шопот на Вардар во склоп на салата секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот.