Војводина го освои Нашице, Мелсунген триумфално среде Порто

Српскиот шампион Војводина славеше на гостински терен кај Нексе Нашице со 36-35 и направи голем чекор кон главната рунда во Лигата на Европа.

Предводник во победата на Војводина беше Вукашин Воркапиќ со седум погодоци, а го следеше Милош Јовановиќ со еден помалку.

На голот на Војводина солиден беше Андреј Трнавац, кој натпреварот во Нашице го заврши со 13 интервенции.

Во поразениот табор Лука Мославац беше стрелец на седум погодоци, шест додаде Тин Лучин.

Во групата Ф, во која се наоѓа Вардар, тимот на Роберто Парондо ги освои првите бодови и славеше против Порто со 29-24.

Бундеслигашот победата си ја обезбеди уште во првото полувреме, кое го доби со шест гола разлика, 16-10.

Во таборот на Мелсунген секој играч кој што доби минутажа даде максимум и свој придонес во убедливата победа.

Лига на Европа, 1. коло, резултати:

Група А
Горење – ГОГ 35-35
Луцерн – Адемар 34-30

Група Б
Монпелје – Силкеборг 40-26
Забже – Гранољерс 32-26

Група Ц
Кадетен – Бенфика 25-26
Лимож – Татран 31-24

Група Д
Констанца – Иштад 29-29
Бидасоа – Хобри 33-33

Група Е
Кил – Торелавега 32-27
Нексе – Војводина 35-36

Група Г
Фленсбург – Сесвете 42-25
Татабања – Карвина 28-27

Група Ф
Порто – Мелсунген 24-29
Вардар – Валур 33-26

Група Х
Гумерзбах – Свехоф 37-35
Тулуз – ФХ 37-30

Бенфика славеше кај Кадетен, два натпревари завршија без победник