Лазаров: Треба да бидеме задоволни од ждрепката

Машката репрезентација на Македонија денеска ги дозна ривалите за Светското првенство 2025, кое ќе се игра во Данска, Норвешка и Хрватска.

Ждрепката посака Македонија натпреварите од групата да ги игра во хрватскиот град Вараждин, а ривали на црвено-жолтите“ се репрезентациите на Холандија, Гвинеја и Унгарија.

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, даде свој коментар за групата и се надева дека неговите избраници ќе имаат голема поддршка во Вараждин.

,,Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред се со фактот дека ќе играме во Хрватска/Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи. Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското Првенство“, изјави Лазаров.

Мундијалот 2025 ќе се игра во пет градови – Осло, Хернинг, Загреб, Пореч и Вараждин од 14 јануари до 2 февруари.

Македонија имаше среќа во ждрепката за СП – ќе игра во Вараждин!

 

 

Познат е распоредот за СП: Македонија отвора со Унгарија, на крај игра со дебитантот