Лазаров: Има многу што да се каже, но не сум паметен во моментов да кажам нешто…

Машката репрезентација на Македонија загуби во второто коло на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка од селекцијата на Холандија со 37-32.

Селекторот Кирил Лазаров по мечот потенцираше дека има многу што да каже, но дека мора да ги разгледаме нашите грешки.

„Не сум паметен во моментов да кажам нешто. Мора да ги анализираме грешките на овој натпревар. Можеби не бевме доволно добри за да победиме. Сепак, има многу работи да се кажат. Нашите навивачи не беа задоволни, само тоа ќе го кажам. Можеби во моментов Холандија е подобра од нас, ама се боревме многу и верувавме дека можевме до позитивен резултат.“, изјави Лазаров.

Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот со Гвинеја на кој ќе треба да го завериме пласманот во главната рунда.