Тимот на Интерактив, која е предводена од македонскиот стратег Филип Лазаров, по една сезона пауза се враќа во Третата Бундес лига.
На три кола до крајот на натпреварите од регионалната лига, Интерактив со триумфот над Гелпе со 32-25, остана недостижен на врвот.
Интерактив досега на 21 меч успеа да освои 38 бодови и се наоѓа во серија од десет победи по ред во првенството.
На тимот на Лазаров ќе му остане да ги одигра трите меча против Баер Дормаген 2, Бергишер 2 и Веиден, и да го прослави пласманот ранг погоре.