Peter BREDSDORFF-LARSEN (coach), Faroe Islands vs Norway, Men's EHF EURO 2024 Germany, Berlin, Germany, 13.01.2024, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Ларсен: Македонија има добри играчи, ќе биде тешко во Скопје

Селекцијата на Фарски Острови е пречката на Македонија до нов настап на големо натпреварување – СП 2025.

Островската земја иако не ја помина групната фаза на Европското првенство 2024, сепак, рамо до рамо се носеше со посилните репрезентации.

Тренерот на Фарски Острови, Петер Ларсен, имаше пофални зборови за македонската репрезентација и вели дека ќе биде тешко да се игра во Скопје.

„Сите тимови од ждрепката беа силни, а репрезентацијата на Македонија има многу добри ракометари. Прво играме дома, а сосема е сигурно дека ќе биде тешко да се игра во Македонија, каде што и гледачите се многу гласни. Имаат навистина многу добри играчи, од клупата се предводени од легендарниот Кире Лазаров. Помина времето кога квалификациските натпревар за нас немаа многу значење, тоа се должи на одличните резултати во претходниот период”, изјави Ларсен.

Првата средба меѓу Фарски Острови и Македонија се игра на 8 мај од 18:00 часот во Торшавн, додека реваншот е на 12 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.