Лани го бараа два македонски клуба, сега се сели во Швајцарија

Српскиот репрезентативец Марко Милосављевиќ во наредините три сезони ќе биде дел од швајцарскиот Криенс Луцерн.

Левиот бек кој во моментов е член на францускиот Нант, минатото лето беше предмет на интерес на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, но и на тимот на Кирил Лазаров.

Милосављевиќ не ја добива посакуваната минутажа во Нант, па иако имаше договор до 2026 година, францускиот клуб ќе го ослободи една сезона порано.

Тој потекнува од Црвена Ѕвезда, играше за Железничар Ниш, пред да се пресели во шпанскиот Адемар Леон, од каде замина во Франција.