Македонската репрезентација се наоѓа на подготовки во Стара Пазова пред настапот на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Еден од лидерите на националниот тим, Филип Кузмановски, вели дека мотивацијата е на највисоко ниво пред СП.
„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидеме дел од овој колектив“, вели Кузмановски.
Македонија ќе биде дел од групата со Унгарија, Холандија и Гвинеја.
„Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството. Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме за нашата група“, заврши Кузмановски.
Денеска Македонија ќе има натпревар со Нови Београд од 19:30 часот, додека задутре е дуелот со Динамо Панчево, а на 29 декември со Саудиска Арабија.