Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски е на врвот на мундијалската листа на стрелци по завршувањето на главната рунда.
Кузмановски има постигнато 49 погодоци на шест меча, а исто толку постигна и Матијас Гидсел од Данска.
Tрет на листата на стрелците е холандскиот репрезентативец Рутгер Тен Велде со 46 погодоци, но и тој како Кузмановски го заврши настапот.
Сега патот на Гидсел е отворен, го чека најмалку уште еден меч, а најмногу три ако Данска игра во финалето.
Ако десниот бек постигне најмалку еден гол, ќе го мине Кузмановски на листата на стрелци.