Тимот на Куманово, кој низ плеј-аутот го обезбеди опстанокот во суперлигашката конкуренција, е активен на трансфер пазарот и го формира ростерот за следната сезона.
Како замена за најдобриот стрелец Наум Костов е ангажиран Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона ја мина во редовите на Скопје.
Јакимовски се обврза на договор на две сезони со Куманово, кој претходно го потврди и ангажманот на Теодор Тодески.
Десното крило потекнува од школата на Вардар, а одреден период настапуваше и за некогашниот прволигаш Работнички.