Куманово го победи прволигашот Младост во пријателски натпревар

Ракометарите на Куманово славеа над прволигашот Младост со 37:29 во пријателски натпревар, кој беше одигран во Богданци.

Куманово победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кое го доби со пет гола разлика, 19:14.

Најефикасен во победничката екипа беше Наум Костов со девет погодоци, шест постигна Вучко Мрвовиќ, по пет реализации имаа Андреј Миладиновски и Зоран Ѓурковиќ.

Кај Младост прво име беше Душан Каркалашев, кој десет пати се запиша во листата на стрелци, додека Ѓорѓе Атанасов, Илија Чрчев и Ѓорѓе Ѓуриќ постигнаа по четири погодоци.

Куманово во вториот дел од сезоната ќе игра во плеј-аут фазата во Супер лигата и ќе се обиде да го сочува суперлигашкиот статус за наредната година.

Младост ќе се натпреварува во прволигшакиот плеј-оф, во кој победникот ќе обезбеди директен пласман во елитата.