По завршувањето на сезоната Куманово веднаш се активираше на трансфер пазарот и започна со формирањето на ростерот за следната сезона.
Нов играч во Куманово ќе биде кружниот напаѓач Борјан Цековски, кој моментално настапува за Радовиш и кој со неговиот нов клуб потпиша двегодишен договор.
Кружниот напаѓач има 18 години и со своите солидни настапи во прволигашката конкуренција им го привлече вниманието на повеќето клубови.
Освен Цековски, во Куманово ќе пристигне и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.
За Куманово потпиша и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжи искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.