Кукуловски продолжува со одличните настапи за Брно

Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски продолжува со одличната форма во шампионатот на Чешка.

Кукуловски и екипата на Брно во натпревар од 14. коло гостуваа кај Дукла Прага и беа поразени со 35:26.

Екс ракометарот на Вардар и Еурофарм Пелистер беше меѓу најдобрите во својот тим, постигна пет погодоци и подели неколку асистенции кон своите колеги.

Брно се наоѓа на 6. позиција на табелата, има 26 бодови на свое конто, додека Дукла Прага со денешната победа го зголеми бодовното салдо и дојде до 27 бодови.

Екипата на Кукуловски во следното коло од најсилното натпреварување во Чешка на свој терен ќе го пречека Плзен, клуб во кој настапува репрезентативецот Никола Костески.