Кукуловски продолжува да „гази“ во Чешка

Македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски продолжува со одличните настапи во дресот на Брно.

Кукуловски и неговиот тим натпревар од 16. коло од шампионатот на Чешка за ривал го имаа незгодниот Нове Весели и успеаја да се израдуват на победа.

Тимот на Брно победи со 28:27 и ја продолжи трката за првата позиција на табелата, на која актуелен лидер е Карвина.

Екс ракометарот на Вардар и Еурофарм Пелистер беше меѓу најдобрите стрелци и во мрежата на домаќините стрелаше петпати.

Брно сега на табелата има 22 бода, второпласиран е Плзен на Никола Костески со 23 бода, додека Карина има 25.