Кукуловски е во одлична форма, Брно реди победи

Тимот на Брно, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Кукуловски, славеше нова победа во чешкиот шампионат.

Во натпревар од 11 коло, Брно на домашен терен беше подобар од составот на Дукла Прага со 34-31.

Македонскиот лев бек беше меѓу најдобрите стрелци на теренот, а втор во својот тим со пет погодоци.

Брно сега е на второто место на табелата со 18 бодови, додека лидер останува Талент Плзен на Никола Костески со 19 бода.