Крај на една ера – Ривера ја напушта клупата на Катар!

По неуспехот да обезбеди место на Олимписките игри со селекцијата на Катар, Валеро Ривера, ќе ја напушти клупата на оваа селекција.

Неговиот договор со катарската федерација е актуелен до следното лето, но многу веројатно ќе биде раскинат порано од предвиденото.

Шпанскиот стратег кој е најзаслужен за подемот на ракометот во Катар, не успеа да обезбеди ниту финале на квалификацискиот турнир за ОИ кој се играше во Доха.

Ривера од 2013 е на клупата на Катар, за кој настапуваа многу ѕвезди и најдобриот резултат го имаше на СП 2015 на домашен терен.