Крај на една богата кариера – Венсан Жерар оди во пензија!

Голманот на Кил и на француската репрезентација, Венсан Жерар, ја игра последната сезона во кариерата.

37-годишниот Жерар ја објави оваа информација на социјалните мрежи и откри дека оди во пензија.

Потекнува од Мец, бранеше за Данкерк, Монпелје, Истр, Сен Рафаел и ПСЖ во Франција, а ова лето се пресели во Кил и го одработува првиот интернационален предизвик.

Во моментов се опоравува од повреда, но и покрај тоа се најде на списокот на селекторот Гијом Жил за настап на Европското првенство, каде ривал на Франција ќе биде и Македонија.

Со националниот тим има освоено медали на сите големи натпреварувања – злато и сребро на ОИ, злато, сребро и бронза на СП, како и злато и бронза на ЕП.