Една од најдобрите ракометарки во историјата на полскиот ракомет, Кинга Ахрук, ова лето заминува во пензија.
Средниот бек настапи 209 пати за националниот тим и успеа да постигне 569 погодоци во богатата кариера, со кои се најде во ТОП 5 листата на најдобри стрелци на сите времиња во Полска. Со репрезентацијата играше пет пати на СП.
Таа го направи своето деби во полскиот шампионат во 2008 година, а по 16 години активно играње ќе му каже збогум на ракометот.
Ахрук настапуваше за Пулави, Двојка Лублин, Орлик, па Гливице, Заглебје Лубин, пред во 2013 година да го направи најдобриот трансфер во кариерата.
Таа се пресели во црногорската Будуќност, каде играше до 2017 година, и освои титула во Лигата на шампионите. Последните седум сезони таа ги одигра за МКС Лублин.