Македонските интернационалци Никола Костески и Дејан Кукуловски, кои настапуваат во шампионатот на Чешка, заедно со своите екипи запишаа важни бодови.
Во рамки од 19. коло од најсилното чешко натпреварување, репрезентативецот Костески и Плзен славеа над незгодниот Јицин со 36:34 (18:19).
Костески во дадената минутажа на теренот имаше два погодоци, со кои му помогна на својот тим да го задржи лидерското место на табелата.
Плзен сега има 30 бодови на свое конто, додека второпласирана е Карвина со бод помалку, односно 29.
Брно на Дејан Кукуловски беше подобар од Страконице со четири гола разлика 29:25 (10:11), а повремениот репрезентативец на Македонија еднаш се запиша во листата на стрелци.
Клубот на Кукуловски се бори за пласман меѓу најдобрите пет екипи, моментално, е позициониран на 3. позиција со 24 бодови.