Кореја со само една интернационалка ќе брка сензација на ОИ

Селекторот на Кореја, Хенрик Сигнел, го објави списокот на 17 ракометарки, што ќе патуваат на Олимписките игри во Париз.

Шведскиот стратег смета на ракометарки од домашното првенство и на само една интернационалка – десниот бек Ру од европскиот првак Ѓер.

Кореја загуби на два пати од Шпанија, претходно и од Холандија на пријателските средби пред ОИ, па ќе имаат тешка задача да ги изненадат фаворитите.

Селекцијата што до 2008 освои шест медали на ОИ во седум настапи, веќе долго време не е во врвот на светскиот ракомет, па тешко дека и сега ќе се пробие во четвртфиналето.

Кореја ќе биде во групата А заедно со Германија, Словенија, Данска, Шведска и Норвешка.