Тимот на Курнон Доверњ, каде што тренер е Македонецот Марјан Колев, ја продолжува трката за пласман во плеј-офот за француската елита.
Откако загубија само со два гола кај лидерот Фронтињан, 37-35, избраниците на Колев на домашен терен им се вратија на победите.
Курнон славеше против Анже со 34-33, откако и на полувремето водеше со три гола разлика, 18-15.
Тимот на Колев е на деветтото место на табелата со 18 бода, а тоа е последно што води во разигрувањето за ранг погоре.
Во следното коло Курнон и Колев ќе гостуваат на Шербур.