Колев и Курнон со гостинска победа кај Маси, продолжува трката за плеј-оф

Тимот на Курнон Доверњ, кој е предводен од македонскиот стратег Марјан Колев, ја продолжува трката за место во плеј-офот за француската елита.

Курнон славеше на незгодното гостување кај Маси Енсон со 30-28, откако и на полувремето имаше водство со 16-13.

Тимот на Колев сега има 12 бода на 11 место, но тоа е само три помалку од тимот на Нанси кој е на шестото место со 15 бода, последно кое води во разигрувањето за најсилната конкуренција.

Курнон во следната рунда ќе игра на домашен терен против Шербур и ќе има шанса да го зголеми бодовното салдо.