Кој со кого до крајот: Еурофарм Пелистер во „пол позиција“ – еве го распоредот до крај на ЛШ

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер триумфираше против полската Висла Плоцк со 21-18 во 10 коло од ЛШ и сега има добра позиција за место во осминафилето, односно елиминациите.

Битолчани сега се шести на табелата со 6 бода, место кое води во осминафиналето, имаат подобар меѓусебен скор со данската Фредериција, односно полош со полската Висла, двата директни конкуренти за последното место што носи билет за елиминациите.

Македонскиот првак на домашен терен ќе игра уште против Динамо Букурешт и ПСЖ, а ќе гостува кај Фуксе Берлин и Спортинг Лисабон.

Интересно е дека и Фредериција и Висла Плоцк, ќе играат против истите ривали во 2025 година.

Следен предизвик за битолчани ќе биде гостувањето кај Спортинг Лисабон на 13 февруари, додека во „Боро Чурлевски“ следен гостин ќе биде Динамо Букурешт на 20 февруари. На 27 февруари е гостувањето кај Фуксе Берлин, додека на 6 март во Битола доаѓа ПСЖ.е

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123

кој со кого до крајот:

Еурофарм Пелистер: Спортинг Лисабон (г), Динамо Букурешт (д), Фуксе Берлин (г), ПСЖ (д)

Висла Плоцк: ПСЖ (г), Фуксе Берлин (д), Динамо Букурешт (г), Спортинг Лисабон (д)

Фредериција: Фуксе Берлин (г), ПСЖ (д), Спортинг Лисабон (г), Динамо Букурешт (д)