Кој ќе ја комплетира елитата – Еурофарм Пелистер 2 или Радовиш?

Супер лигата во следната сезона ќе брои 12 екипи, а веќе познати се 11 учесници во македонското елитно друштво.

Последниот член на суперлигашката конкуренција ќе биде познат откако ќе се одигра бараж натпреварот меѓу третопласираниот тим од суперлигашкиот плеј-аут и второпласираната екипа од прволигашкиот плеј-оф.

Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш ќе играат во текот на неделава, многу веројатно за викенд, а дополнително ќе биде одреден неутралниот терен за овој натпревар.

Младите пелистерци последните неколку сезони беа редовни членови на плеј-офот, но сезонава ќе мора преку бараж да го сочуваат суперлигашкиот статус.

Радовишани, пак, ќе имаат шанса, по една сезона пауза и настап во Првата лига, одново да се вратат во друштвото на најдобрите.