Македонскиот шампион Ѓорче Петров се пласираше во четвртфиналето на Европскиот Куп и во вторник ќе го дознае следниот ривал.
Доколку ЕХФ ги следи принципите од минатите сезони, тогаш нема да има рангирање во шешири пред ждрепката за четвртфиналето.
Во оваа фаза, покрај македонскиот шампион Ѓорче Петров, се пласираа три шпански екипи – Гранољерс, Елче и Гран Канарија, како и една португалска екипа Бенфика.
Потоа словачкиот тим Јувента Михаловце, холандскиот Венло што го елиминира Чаир и турскиот тим Јаликавак, каде што игра турската легенда и некогашна членка на Кометал Ѓорче Петров, Јелиз Озел.
Ждрепката за четвртфиналето, како и за полуфиналето, ќе се одржи утре со почеток во 11:00 часот. Натпреварите ќе се играат на 9/10, односно 16/17 март.