Juri KNORR, Germany vs Iceland, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 18.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Кнор, Тен Велде, Коста, Гидсел…кој ќе биде најдобриот стрелец на ЕП?

Со натпреварот меѓу Германија и Исланд заврши првото коло од главната фаза на Европското првенство 2024.

Репрезентативецот на Германија, Јури Кнор, моментално, ја предводи листата на стрелци со 30 постигнати погодоци на четири одиграни натпревари.

Кнор најмногу погодоци, вкупно десет, постигна на натпреварот против Македонија во рамки од групната фаза.

Веднаш зад Кнор со два гола помалку, односно 28, се наоѓа левото крило на Холандија, Тен Велде.

Третото место на листата на стрелци го делат Марим Коста од Португалија и Матијас Гидсел од Данска. Двајцата ракометари зад своето име имаат запишано вкупно 27 погодоци.

Во борбата за најдобар стрелец на континенталниот собир во Германија сѐ уште и Никола Билик, Алекс Влах, Алеиш Гомез и Дика Мем.