Женската сениорска репрезентација на Македонија по пауза од 12 години успеа преку квалификации да обезбеди пласман на едно големо натпреварување.
Македонија во Баку со победата над Азербејџан од 37-22 го завери пласманот на Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Унгарија, Швајцарија и Австрија.
Една од интернационалките во составот на Македонија, Јована Кипријановска, ги сподели првите импресии по обезбедениот пласман на Европското првенство.
,,Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но и покрај тоа ги освоивме бодовите и успеавме да бидеме фокусирани. Можеби на почетокот имавме проблеми, но успеавме да го контролираме резултатот. Многу сум среќна за оваа победа бидејќи ни донесе пласман на Европското првенство. Ова е голем успех за нашата земја, за тимот и за мене. Се радувам што и понатаму ќе тренирам со овој тим и ќе имам шанса да придонесам уште многу. Одиме чекор по чекор, се надевам дека ќе растеме уште повеќе до стартот на Европското првенство“, изјави Кипријановска.
Македонија на 7 април во Скопје ќе го одигра последниот квалификациски натпревар, а ривал ќе биде репрезентацијата на Литванија.
Маџовска: Сакаме со победа да го завршиме квалификацискиот циклус
Грчевски: Се надевам дека со добра ждрепка можеме најмалку да ја поминеме групата на ЕП
Македонија во елитно друштво – им се придружи на Норвешка, Данска, Шведска, Холандија…
Дамите по пауза од 12 години изборија пласман на големо натпреварување